Еве како изгледаат мајката и сестрата на познатата македонска пејачка – обожавателите изненадени, прв пат ги покажа во јавноста

Популарната македонска пејачка ја покажа својата мајка и откри од кој ја наследила убсвината.
Наташа Малинкова својата музичка кариера ја започна уште многу млада, а голема популарност стекна откако стана дел од групата Багаж.
Песната „Името твое” стана голем хит кој до ден денес е неизоставен дел од многу забави.
Наташа изгледа неверојатно и навистина се труди околу својот физички изглед.

Ретко кој би рекол дека е мајка на две деца.
Таа и нејзиниот сопруг Кире Малинков се запознале уште како многу млади и веќе 19 години успешно пловат во брачните води. За него вели дека е нејизната најголема поддршка, човекот кој секаеде оди со неа и многу ѝ помага во градењето на кариерата.

Она што можеби малкумина го знаат е дека сестра на Кире е познатата фолк-пејачка Ани Малинкова, па така Кире уште од претходно имал искуство како е да се минува животот со некој кој е дел од естрадата.
Круна на љубовта на Кире и Наташа, се нивните две прекрасни ќерки, Султана и Емилија.

Она што може да се види според фотографиите објавени на нивните социјални мрежи, на кои се доста активни, е дека тие се трудат секој момент да го поминат заедно. Секаде каде што патуваат одат заедно.
Султана е нивната прва радост, која порасна во бистинска убавица.
Според фотографиите на друштвените мрежи, може да се заклучи дека Султана е копија на својата мајка.

Оваа година Султана стана полнолетна, а нејзината мајка се потруди таа да добие забава за паметење.
„Вака те држев точно пред 18 години кога те родив. Му благодарам на Бог што те имам моја паметна и убава….Летај птицо моја. Од денес започнува ново поглавје во твојот живот. Те сакам мама“, пишува до објавата на која се прегрнати.

Иако малку подоцна, сепак пејачката одлучи да сподели и фотографии од амбиентот за време на роденденската забава.
Амбиент уреден со стил, како што умее само Наташа.

Балони, елеганција и гоолема торта.

Пејачката и нејзината ќерка позираа во црно белата атмосфера која воодушеви многумина.
Пејачката е инаку навистина посветена мајка и покрај сите обврски се труди нејзините деца да јадат домашно зготвена, па прави се во текот на денот да најде време и таа да им ја подготви.

Деновиве таа имаше уште една причина за славење.
По повод именденот на нејзината мајка, Наташа позираше заедно со сестра ѝ и мајка ѝ.
Фотографијата веднаш се најде на Инстаграм, а трите дами собраа многу лајкови и комплименти.
Јавноста досега немаше можност да ги запознае мајката и сестрата на пејачката.
Нејзината сестра инаку по професија е фризерка и таа е задолжена долги години да фризурата на Наташа.
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова
Фото: Инстаграм / Наташа Малинкова