Еве како живее во Америка: Анета Наковска ужива за сите пари – додека ние смрзнуваме, таа се пече на плажа
Македонската фолкерка покажа дека сѐ уште е во форма и уживаше во авантурите на вода.
Додека на нас ни е студено овде, Анета ужива на плажа во Флорида.
Анета Наковска веќе неколку години живее во Америка заедно со нејзиниот сопруг Спиро.
Иако овде има завидна кариера и публиката ја обожава, Анета во името на љубовта остави сѐ и замина кај својот сакан.
Анета и Спиро на почетокот одржувале врска на далечина, но по извесно време одлучиле љубовта да ја крунисаат со брак и пејачката да отиде да живее таму.
Според објавите на социјалните мрежи, на кои се гледа дека таа таму ужива, се чини дека пејачката не погрешила со одлуката.
Вратата на Македонија не ја затвори засекогаш и често заедно со Спиро се враќаат тука во нивната луксузна куќа во Велгошти, која половина е ресторан, а половина нивен семеен дом.
Кај неа често доаѓаат многу популарни личности од Македонија на дружба и соработка.
Деновиве таа престојуваше во Флорида каде заедно со своите пријатели секојневно уживаше на плажа и во природните убавини таму.
Анета е активна на Фејсбук и често споделува фотографии и видеа од нејзиниот приватен живот.
Овој пат со своите пријатели сподели како се забавува и колку ужива.
Додека на нас ни е студено овде, Анета уживаше на плажа во Флорида.
„Мојот најубаво поминат неделен ден откако сум на Флоридава, фала ви срцки мои“, напиша пејачката.
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска