Еве како Ева Заева му го честиташе роденденот на саканиот – овие романтични фотографии ќе разнежат многумина
И преку социјалните мрежи му го честиташе роденденот
Момчето на Ева Заева, Душко Чифлиганец, го прослави својот роденден, а една од најубавите честитки ја доби од Ева Заева
Таа на својот Инстаграм профил објави заеднички фотографии на која со сребрени балони му го честиташе роденденот на саканиот. Познатата струмичанка за оваа пригода носеше мало розово фустанче и елегантни високи потпетици, а интересно беше облечен и Душко.
Момчето на Ева носеше тренди сако во пастелна розова нијанса, бела кошула, темни панталони и бели патики.
„Среќен роденден“ му напиша Ева во рамките на своите Инстаграм приказни на социјалните мрежи.
Тој веднаш падна во неговите прегратки, а како изгледаа можете да видите во продолжение.
Инаку, Ева и нејзиното момче Душко уживаат во својата љубов и постојано патуваат заедно, а на социјалните мрежи понекогаш знаат да споделат и некои од нивните заеднички романтични моменти.
Од фотографиите можеме да видиме дека уживаат во моментите што ги минуваат заедно, а некои од нив погледнете во продолжение.
Погледнете како изгледаше убавата двојка и на свадба кај еден нивен заеднички пријател.
Тие и двајцата се мошне познати на социјалните мрежи, каде Ева има околу 40.000 следбеници, а Душко речиси 10.000.