Реклама
Вирално

Еве како делфините во Австралија им се заблагодаруваат на волонтерите – им носат подароци од морето!

Реклама

На делфините во Австралија навистина им недостасуваат луѓето кои беа во карантин поради пандемијата од коронавирус, а сега им носат различни подароци од морето.

Делфините се познати по своите социјални и комуникациски вештини па се сметаат за втор најинтелегентен вид, веднаш по луѓето.

Маркетинг

Јато делфини во Австралија покажа уште еднаш колку им се благодарни на волонтерите така што им носеа подароци на луѓето кои ги хранат и се грижат за нив. Делфините од морето носат подароци во вид на школки, корали, парчиња дрво, изгубени наочари, пишиња и слично.

Волентерката Лин МекПирсон тврди дека делфините со ваквото однесување покажуваат колку луѓето им недостасуваат.

Маркетинг

Делфинот Мистик е најактивен па секој ден носи и по 10 подароци, а за возврат добива риба.

Мистик во заливот Тин Кан е од 1991 година, и единствен од седумте диви делфини кои се во програмата за хранење.

Дека на делфините навистина им недостасуваат луѓето покажаа и снимките од солунскиот залив каде во април се појавија делфини исто така.

Минувачите на солунското шеталиште беа изненадени од необичната глетка која јато делфини има ја приредија пред очи, недалеку од брегот. Тие зачудени од оваа атракција, ги извадиле мобилните телефони и ја снимаа нивната игра.

Многу ретко се случува делфините толку длабоко да навлезат во Солунскиот залив, но поради тоа што луѓето беа во карантин, а бродскиот сообраќај драстично намален и речиси запрен, овозможи делфините да се доближат поблизу до брегот.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button