За оние кои сакаат да заштедат постојат неколку начини да го направите тоа.
Имено порталот Среќна жена открива неколку начини за полесен живот.
Секогаш кога одите во маркет погледнувајте го рокот на траење на производите.
Некои супермаркети имаат одлични зделки за производи на кои истекува рокот за скоро време.
Тоа е одличен начин да заштедите ако знаете дека наскоро ќе ги користите производите. Секако во некои продавници можете да најдете и свежи производи (како риба или овошје и зеленчук) со попуст доколку не се распродадат во првите неколку дена.
2. Уште еден корисен совет како не би фрлале остатоци од храна е да купувате производи на мерење.
Сезонските овошја и зеленчуци се поевтини од оние кои не се во сезона, затоа потрудете се да ги вклучите на вашата листа за купување.
Исто така имајте на ум дека пазарите секогаш се поефтини од маркетите кога станува збор за сезонско овошје и зеленчук.
3. Многумина се водат од тоа дека колку е производот поскап, толку е поквалитетен. Слободно може да се каже дека тоа е мит. Цената не е секогаш мерило за квалитетот
Дали сте навикнати да купувате производи од познати брендови? Дајте шанса на нешто ново! Можеби прехранбените производи или детергентите од помалку познати производители се поевтини и добри.
Многу трговски синџири имаат свои, поевтини производи, но погледнете ги декларациите – за нив ги прават повеќе „познати“ компании.
4. Кога купувате имајте на ум дека месото и други намирници можете да ги замрзнете. Замрзнувачот е ваш сојузник.
Доколку наидете на свежи производи кои се во продажба, доколку можете, купете поголема количина и веднаш ставете го тоа што не го користите во замрзнувач.
Ова не се однесува само на овошјето и зеленчукот, туку и на другите видови храна. На пример, сувомесните производи често се на големи акции.
5. Не се врзувајте за одреден маркет. Научете да купувате во неколку различни продавници
Точно е дека купувањето ќе трае подолго, но ќе заштедите пари. Не се продаваат сите производи во исто време во сите синџири на маркети, а понекогаш дури и помалите продавници имаат одлични акции.
Треба да знаете дека овошјето, зеленчукот и рибата обично се поевтини во специјализираните продавници за такви намирници.