Еве како да го носите најпопуларниот тренд за оваа пролет
Се сеќавате ли на овој шик модел?
Пред неколку месеци здолништата со леопард дезен беа главна тема како на социјалните мрежи, така и во модните магазини.
Но и откако се промени сезоната, тие се уште се на врвот на листите со приоритети на зависничките од мода ширум светот, а посебно се истакнуваат таканаречените „слип“ здолништа од сатен со леопард дезен.
Безвременскиот леопард дезен кој пред неколку месеци беше апсолутен „маст-хев“ повторно се избори за своите пет минути, а доволно е само да ѕирнете на Инстаграм и ќе забележите дека оваа популарна социјална мрежа е преплавена токму од ваквите модели.
Можете да ги комбинирате речиси со се што ќе ви падне на памет, од патики до елегантни сандали и женствени маици и блуски.
Нивната магија се крие во тоа што сами по себе се мошне ефектни, па многу лесно сќе ја комбинирате со останатата облека што ја имате во плакарите. Дури и со најобична бела или црна маичка изгледаат неодоливо.
Па, ако ви недостига инспирација, еве ви неколку шик стајлинзи кои би можеле да ви послужат како добар пример…
А еве и една одлична верзија од ова здолниште …