ЕВЕ КАКО ГО МИНУВА ВРЕМЕТО ПО РАЗВОДОТ ОД ЏИМИ – пејачката Анета фатена на дело, ужива за сите пари
На пејачката и се врати насмевката на лицето
Познатата пејачка Анета Молика по разводот од својот сопруг Џими со секоја своја објава привлекува внимание.
Таа и Џими решија да се разделат и да стават точка на нивниот брак, но не и на заедничките настапи со бендот Молика.
Како што и двајцата открија, тие со нивниот заеднички бенд Молика ќе ги одржат сите настапи што веќе ги имаат договорено, а пејачката во меѓувреме започна и со соло настапи.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа го промени и своето презиме на Инстаграм и го врати моминското, така што сега, во своите соло настапи, настапува како Анета Љумаковска.
Фото: Инстаграм/ Фазли Сејфулов
Пејачката објави една фотографија и покажа дека по разводот продолжува да го живее животот во свој стил, но дека нема места за тага што може да се види и по нејзината насмевка и многу добро расположение.
Имено таа се фотографираше заедно со колегите Фазли Сејфулов и тапанарот Далибор, а многумина забележаа дека изгледа одлично.
Фото: Инстаграм/ Фазли Сејфулов
Потсетуваме, разводот на Анета и Џими веќе некое време е тема за која се зборува и го привлекува вниманието на медиумите.
Фото: Инстаграм/ Фазли Сејфулов
Шпекулациите околу причините за крајот на нивниот брак не престануваат, иако тие досега немаат коментирано ништо на оваа тема.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Тие во брак беа повеќе од две децении и ја имаат ќерката Мони, додека Џими има и син од првиот брак кој исто така е музичар.
На социјалните мрежи во последно време активен е и Џими, а последна објава му е од пред неколку дена и станува збор за песната Писмо која што ја изведува неговата, сега веќе поранешна, сопруга, Анета.