Реклама
Наши ѕвезди

Еве како водителката Цеце ужива со сопругот и бебенцето – неколку фотографии што на многумина ќе им го разубават денот

Реклама

Откако стана мајка македонската водителка буквално зрачи.

Оваа нејзина нова животна улога драстично ја промени, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, Цеце Тодосовска ги живее најубавите моменти од својот живот.

Маркетинг

Цеце долги годиини е дел од малите екрани, но јавноста посебно ја засака откако стана дел од еден од најдобрите телевизиски проекти некогаш во земјава, „Утринска на Телма”.

На голема жалост на гледачите, таа емисија повеќе не се емитува, а секој од водителите си го пронајде својот пат.

Маркетинг

Пред неколку месеци на Цеце ѝ се оствари најголемата желба. Таа и нејзиниот сопруг Стојанче станаа родители на малиот Бодан.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Цеце и нејзиниот сопруг Стојанче Тодосовски стапија во брак во 2018 година. На нивната свадбена церемонија присуствуваа сите членови од нивното семејство и пријателите, но и нејзините колеги од утринската емисија.

Тие направија необична и модерна свадбена веселба, за која нивните блиски изјавија дека долго ќе ја паметат.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

И пред да станат родители, па и сега, Цеце и Стојанче се многу активни и уживаат во природните убавини на нашата земја.

Љубители се на планинарењето и често одат да освојуваат врвови.

Оваа страст не им се скрати кога станаа родители.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Сега заедно со Бодан искусваат нови нешта, а веќе видените дестинации добиваат друга димензија.

„Многу планини се пред нас, заеднички ќе ги искачуваме“, напиша Цеце во опис на фотографијата на која позира со Бодан на Горна Матка.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Семејството Тодосовски одлучи да замине на годишен одмор и да ги искористи лерните сончеви зраци во нашиот преубав Охрид.

Оттаму водителката сподели неколку фотографии преку кои истакна дека си поминуваат одлично.

„Одмор со бебе, нема поубаво”, напиша водителката во опис на семејната фотографија.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Таа одлучи конечно да го покаже и лицето на својот син.

„Љубов моја. Бодан”, пишува на фотографијата на нејзиниот инстаграм на која таа позира со Бодан.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Она шго најмногу привлече внимание од јавноста беше нејзината фотографија на која таа покажа дека го дои своето дете и во кафуле.

Доењето во јавност, за жал, се уште често се поврзува со невкусно покажување на дојките во јавност. Но, сите мајки или жени кои имале прилика да видат мајка која дои сигурно ќе потврдат дека доењето во јавност исклучително ретко изгледа како невкусен чин.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Поголем дел од мајките кои дојат надвор од својот дом внимаваат на дискрецијата, првентство затоа што ни на нив самите не би им било пријатно да бидат премногу разоткриени во текот на доењето.

Клинички студии покажаа дека доените бебиња поретко се разболуваат и полесно закрепнуваат.

Мајчиното млеко обезбедува емоционална сигурност и намалување на стресот преку тесната поврзаност мајка-бебе. Доењето доведува до побрз развој на мускулите и коските на лицето, поретки се инфекции на дишните патишта, дијабет и малигни болести.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

И новопечената мајка Цеце ги поддржа останатите мајки, па сподели фотографија додека го дои Бодан во кафуле.

„Најубавото чувство.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Овие моменти не би ги менувала за ништо на светот“, напиша таа на Инстаграм.

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Она што мора да се признае е тоа дека водителката изгледа подобро од било кога.

За многу кратко време Цеце ја врати витката линија и се претвори во секси мама.

Повеќе фотографии погледнете во продолжение:

ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм
ФОТО: Цеце Тодосовска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button