Реклама
Наши ѕвезди

Еве како Боки 13 ја запрепасти Карлеуша – целиот Балкан зборува за она што се случи кај Стефан Лазаров

Карлеуша откри непознати детали за Боки 13 и нејзината мајка Дивна заради кои одвај ги задржа солзите

Реклама

Карлеуша ова нема да му го заборави на нашиот Боки

Популарната пејачка Јелена Карлеуша вчера му беше гостинка на нашиот најпознат јутубер Стефан Лазаров.

Емисијата одеше во живо, а во еден момент Стефан и приреди изненадување на пејачката од кое беше воодушевена.

Маркетинг

Имено, Стефан ја потсети Карлеуша дека во лајвот со Бака Прасе добила многу подароци, но и дека тој има посебен подарок за неа.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Подарокот всушност беше еден нејзин пријател од Македонија со кого Јелена многу одамна се нема видено.

Станува збор за Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, со кого познатата пејачка е мошне блиска.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Таа беше изненадена и пресреќна што Боки се појави, но и од подарокот што познатиот шоумен и го донесе.

Имено, Боки на Јелена и донесе венчаница од познато ателје кое може да се носи и како фустан, а пејачката беше воодушевена.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

Јелена потоа пред камерите откри дека нејзината мајка Дивна Карлеуша го обожавала Боки и дека биле големи пријатели.

Принтскрин/ Јутјуб, Стефан Лазаров

„Мојата мајка него го обожаваше. Не можам да кажам дека го обожавала како дете, ама како пријател, како да го родила, како да и е брат, маж… Тој и беше сé. Излегуваа заедно, беа во ријалити, тие се дружеа и без мене. Тука во екипата многу често беше и Марина Туцаковиќ“, откри Карлеуша.

Таа потоа се присети дека нејзината мајка некогаш и раскажувала дека секогаш кога со Боки се шетала низ Белград, тој бил таква појава во градот каква претходно никогаш не била забележана, така што луѓето често го застанувале и едноставно сите го обожавале.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Тие каде и да оделе заедно, не само што немале проблем, туку каде и да седнеле јаделе и пиеле бесплатно, бидејќи сите го сакале.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

По ова Боки се присети и на погребот на Дивна, а од неговите зборови пејачката одвај се воздржа да не заплаче пред камерите.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button