Култура[тор]

Еве како беше на промоцијата на новиот албум на Тони Зен

Advertisement

Реперот Тони Зен веравечер го промовираше својот најнов албум „Од изворот на изборот“

Advertisement

Тони Зен го промовираше својот последен албум „Од изворот на изборот“ во МКЦ. Песните кој неодамна стана татко на промоцијата изјави дека албумот е посветен на вистината, љубовта и просветлението.

„Сите 8 песни се инспирирани од моите лични искуства изминативе години. Овој албум се слуша со срце. Не случајно е акустичен, мирен и сниман во 432Hz, со цел да се задржи природната фреквенција. Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта и просветлението“.

Advertisement

Меѓу присутните гости беа пеачот Виктор Апостоловски, македонската поп икона Дани Димитровска, музичарот и продуцент Мите Димовски, џез музичарот Џоле Максимовски, познатиот пеач и композитор Никола Перевски – Пере од Нокаут, Ранко Петровиќ…

Албумот е независно издаден со поддршка на СТ Продукција како дистрибуција и изработка на ЦД и обвивка. Сниман е во студиото „Knobs Keys ‘n Stuff“ заедно со Бојан Филиповски „Gloomie“, додека миксот и мастерингот го изработи Мите Димовски во Тралала студио.

Албумот има 8 песни. Текстовите ги напиша Тони Петковски – Зен, а музиката ја создаде заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии). Mузичари кои дадоа свој придонес на албумот се Мартин Јосифовски на бас гитара, саксофон и флејта – Борислав Веселинов, клавијатури – Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале – усна хармоника и пратечки вокали – Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски.

Од денеска албумот е во продажба во музичките продавници.

Фото: Стефан Рајхл

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button