Еве како беше запросена убавата ќерка на Топалко – Хелена го покажа дијамантскиот прстен, но и луксузот во кој ужива со саканиот

Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, убавата Хелена Топаловиќ, го кажа своето судбоносно „да“ и се пофали на својот профил на Инстаграм.

Познатата убавица на својот профил на Инстаграм најпрво објави слики од одморот, а потоа и од хотелската соба и креветот на кој е целосно нашминкана и во цветен фустан со раскошното деколте во преден план, а потоа се појави и фотографија од свршеничкиот прстен.
Хелена потоа објави и видео на кое се гледа дијамант и на кое пишува кажав „да“.
Инаку, убавата Хелена пред извесен период се најде во центарот на вниманието во медиумите заради наводната врска со оженет маж, по што таа се огласи и наведе дека нејзиниот партнер е разведен.

Инаку, партнерот ја запроси ќерката на Топалко за време на нивниот одмор во Шпанија, а од нејзините објави на социјалните мрежи можеме да видиме дека целиот апартман беше украсен со ружи и црвени балони.

Таа веднаш по запросувањето не сакаше да открие повеќе детали за овој настан, но ни кој е нејзиниот партнер.

Уживаат во луксузот
Но, само неколку дена по романтична веридба на Ибица Хелена реши да го покаже неверојатниот луксуз од оваа егзотична дестинација.

Таа позираше во хотелот, но и на плажата, покрај базенот, а ја овековечи и романтичната вечера со својот свршеник.

Како што пишуваат српските медиуми, Хелена се сврши со поранешниот партнер на водителката Јелена Димитријевиќ со која има дете.

Неа порано ја поврзуваа со пејачот Слоба Васиќ, тенисерот Дамир Џумхур и други познати мажи.

Хелена и Алексиќ пред неколку месеци беа фотографирани на аеродромот по двонеделниот одмор во Египет.

Ќерката на Топалко до тогаш својот избраник го криеше како змија нозете, а како убавата девојка изгледа сега и во каков луксуз ужива со својот иден сопруг, погледнете во галеријата што следува во продолжение на текстот.

Таа како и секогаш изгледа неодоливо што може да го видите од фотографиите на крајот од галеријата.
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
Фото: Инстаграм/ Хелена Топалковиќ
