Еве како Анета лудуваше со овој човек – пејачката никогаш поубава и посреќна, еве што се случува со неа
Познатата фолк-пејачка изгледа барем 10 години помладо, а тој е главниот виновник за тоа
Постојано добива комплименти на сметка на својот изглед
Пејачката Анета Љумаковска откако направи мала промена во својот имиџ постојано ги воодушевува сите и да добива бројни комплименти.
Имено, таа по разводот како да реши да сврти нова страница во животот, а многумина забележуваат дека изгледа подобро од кога било досега.
И сега што и да објави на интернет привлекува големо внимание кај своите обожаватели, а така беше и со една од своите последни објави кога беше кај својот фризер, за да си ја среди коса.
Фото: Инстаграм/ Алек Палада
Станува збор за познатиот фризер и шминкер Алек Палада кој под фотографијата со Анета напиша:
„Повторна средба.. и повторно русокоса“.
Фото: Инстаграм/ Алек Палада
Таа се насмеа, а потоа позираше покрај фризерот и го покажа резултатот, а бројните комплименти и овој пат не изостанаа.
Фото: Инстаграм/ Алек Палада
Не планира да се врати на старото
Инаку, неодамна поразговаравме со Анета за нејзиниот нов изглед, кога ни откри дека тајната на нејзината промена најмногу се крие во правилната исхрана што почнала да ја применува во последно време, но и дека убавината на една жена се крие во нејзината љубов, односно дека тоа според неа е најважното.
Фото: Инстаграм/ Алек Палада
Пејачката тогаш призна и дека никогаш повеќе не планира да се врати на своите стари навики, за што искрено вели:
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Никогаш не би ги облекла тие парчиња облека што сум ги носела пред да се променам бидејќи не планирам да се вратам на таа килажа никогаш повеќе“, вели Анета во интервјуто за Гламур магазин.