Еве каков буцко е синот на Дарко Лазиќ и Марина – Гордата мајка се пофали на социјалните мрежи
Вереницата на Дарко Лазиќ со својот изглед постојано е во фокусот на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм каде нејзиниот профил го следат неколку илјади следбеници.
Марина неодамна на свет го донесе Алексеј, синот кој го има со пејачот и цереник Дарко Лазиќ.
Состојбата на Дарко од сен во ден се повеќе се поправа што може да се види по сликите и објавите од него и од Марина.
За нив може да се каже дека уживаат во љубовта и животот, а Марина на Инстаграм неодамна покажа и како изгледа нивниот син.
Пејачот Дарко Лазиќ (28) и неговата свршеница Марина Гагиќ (21) планираат свадба, а судбинското „да“ најверојатно ќе се каже во октомври годинава.
Двојката истакнува дека пред сè, тој сака да се посвети на својот син Алексеј и на неговата прва роденденска прослава, како и на церемонијата за крштевање.
Дарко вели дека не планираат заедно за крштевање и свадба затоа што тоа би било премногу.
Пејачот Дарко Лазиќ реши да ги израдува поранешната сопруга Ана Севиќ и сегашната свршеница Марина Гагиќ така што ги прати на патување.
Дарко, на екс-сопругата, со која ја има ќерката Лорена, и на свршеницата, која пред неколку месеци му го роди синот Алексеј, им уплати одмор на две различни дестинации – Ана ја прати во Дубаи, а Марина на Златибор, пишува „Курир Старс“.
Двете со себе ги понесоа и децата, а со одморот се пофалија на социјалните мрежи. Дарко ова наводно го чинело околу 4 илјади евра. И додека тие двете уживаат, Дарко работи под полна пареа.
-Односот меѓу Ана и Лазиќ драстично се поправи. Веќе немаат несогласувања. Дарко и за Марина е совршен сопруг. Таа сакаше да оди на Златибор и Дарко тоа и го исполни. Добро ги чува и двете свои жени, вели извор близок до пејачот за споменатиот медиум.