Еве каков колач прави нашата позната пејачка – вредна домаќинка, секоја чест за Анета Љумаковска
Ова е омилениот рецепт за колач на нашата позната пејачка со кој што ги изненади сите
Рецептот на Анета Љумаковска за колач со јаболко и банана е превкусен
Македонската фолк дива во емисијата „Гответе со Дракче“ откри дека ужива во убавата храна, но и дека знае да ја зготви.
Имено, таа во емисијата го покажа својот омилен рецепт за колач кој се прави лесно, а истовремено е превкусен.
Станува збор за чаен колач за кој ви се потребни три јајца, две банани, едно јаболко, мед, пециво и интегрално брашно.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Канал 5
„Без благичко не можам, меѓутоа ова е здраво благо“, вели пејачката додека го приготвуваше колачот.
„Практикувам редовно да имам од овој колач од дома, затоа што сум љубител на благото, посебно кога е нешто здраво и кога може да се јаде почесто, без да се грижиме за килограмите“, вели Анета во видеото.
Како изгледаше Анета додека го подготвуваше омилениот колач, но и како звучеше додека ја пееше најубавата песна од нејзиниот роден крај, погледнете и слушнете од видеото во продолжение…