Реклама
Трендови

Еве какви јакни и капути ќе носат Македонките оваа есен

Реклама

Има безброј варијации, па пронајдете ја вашата омилена

Според она што досега можевме да го видиме од Модните недели во светските метрополи и познатите модни магазини, и оваа есенска сезона голем хит ќе бидат јакните и капути во сите кафеави нијанси.

Маркетинг

Од нежните нијанси на бело кафе, до преку доминантната боја на коњак, оваа есен изберете еден ваков модел и нема да згрешите.

Маркетинг

Во новата колекција на Версаче ќе најдете јакни од лакиран кафеав материјал на кои многу познати девојки не можеа да им одолеат.

На располагање се различни модели кои им стојат на дамите со најразлични конфекциски броеви – кратки (кроп-топ) јакнички, моторџиски модели, елегантни сакоа, сафари јакни, тренд мантили и капути.

Ваквите кафеави модели одлично се комбинираат со панталони, здолниште, блузи и фустани во бела, жолта, портокалова, розова и златна боја.

Одлично стојат и со модни додатоци во тиркизна боја, како и парчиња во боја на нане и фуксија, како и со непогрешливата црна боја.

Поврзано

Back to top button