Еве какви подароци си доби Агнеса Органџиева за Осми март – ИЗНЕНАДУВАЊЕ што секоја дама би го посакала (фото)
Органџиева воодушевена од подароците што ги доби за 8 Март
Шармантната русокоса скопјанка која веќе подолго време важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи деновиве се пофали со подароците што ги доби за Меѓународниот ден на жената
Агнеса Органџиева е воодушевена од изненадувањето и преубавиот знак на внимание што го доби за 8 Март.
Русокосата скопјанка на својот Инстаграм објави какво изненадување доби за празникот на жените.Таа најпрво објави видео од преубави цветни аранжмани од кои, судејќи според реакцијата, беше воодушевена.
Но тоа не беше сé. Органџиева покажа и со какво јадење беше пречекана во еден познат скопски ресторан, но и се пофали и со неколку преубави букети што ги доби со цвеќиња во сите бои.
Познатата трендсетерка очигледно покажа само дел од изненадувањата што ги доби за празникот на жените, бидејќи таа не објави како изгледаше подарокот што го доби од своите ќерки Вивиен и Тифани, кои секогаш знаат како пријатно да ја изненадат својата мајка.
Како изгледаа нејзините подароци, погледнете во галеријата што следува во продолжение.
Агнеса за спонзорите и бракот
Инаку, Агнеса во центарот на вниманието дојде откако го остави својот поранешен сопруг, Роберт Орданоски, некогашниот долгогодишен директор на АЕК. Тој тогаш, изреволтиран од она што се случуваше меѓу нив, објави неколку статуси на Фејсбук во знак на револт кон сопругата, со што го привлекоа вниманието на јавноста, па со недели порталите во Македонија пишуваа за нив.
Агнеса која по разводот си го врати своето моминско презиме, денес важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи. Таа редовно објавува фотографии од козметички третмани и производи, како и од прекрасни модни комбинации, но и од своето секојдневие и моменти поминати со најблиските и ќерките.
Нејзините фотографии секогаш предизвикуваат големо внимание, а во една пригода, на прашањето дали е спонзоруша, бидејќи секогаш е „скоцнака“ од глава до пети и живее на „висока нога“, Агнеса одговори дека има многу компензации и спонзори преку социјалните мрежи, па на тој начин и го обезбедува својот лагоден живот. Органџиева тогаш за Бекстејџ одговори и дека не е спонзоруша ни во однос на нејзиниот поранешен брак, бидејќи да било така не би се трудела нејзиниот брак да опстане цели 18 години.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева