Овој модел е маст-хев за оваа есен
Панталоните кои потсетуваат на машките модели, со широки ногавици, што личат на на работнички одела, но во префинета верзија, ќе бидат голем тренд во следните неколку месеци. Истите можевме да ги видиме на модните писти за оваа сезона, но и во продавниците на познатите брендови па сигурни сме дека наскоро ќе завладеат и со нашите улици. Бидејќи станува збор за панталони со низок струк и кои се поприлично широки пожелно е да ги носите со женствени модни детали како високи потпетици или рамни сандали, а целото издание да го заокружите со тесни маици или бела кошула со неколку откопчани копчиња во стилот на Каролина Херера.
Покрај дневните кежуал изданија можете да ги носите и во вечерни пригоди, но и кога одите на работа.
Zara
Zara
Zara
Ulla Johnson
The Row
Rejina Pyo
Massimo Dutti
Joseph
J Brand
& Other Stories