Еве каква убавица била македонската Моника Белучи на почетокот од кариерата – таа и денес важи за една од омилените ТВ лица
Македонската Моника Белучи објави досега невидени фотографии.
Таа е долги години на малите екрани, и важи за една од најубавите жени во земјава за која може слободно да кажеме дека годините не и можат ништо, туку напротив.
Од година во година Татјана Стојановска изгледа се поубаво, па се чини дека годините се само бројка.
Татјана својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста, но овојпат одлучи да сподели неколку ретро фотографии.
Некои од фотографиите кои таа ги објави се стари и неколку децении, а евидентно е дека таа речиси воопшто не е променета.
Убавината не избледела, а убавата презентерка уште еднаш докажа дека со прво ја носи титулата една од најубавите жени во Македонија.
Својата кариера ја започна во далечната 1992 година кога победи и ја освои титулата Мис Македонија, а потоа и Мис Планета во соседна Бугарија.
Во 1999 година дипломирала на Економскиот факултет на УКИМ, а бидејќи нејзиниот син тогаш сè уште бил мал, не планирала да продолжи на постдипломски студии. Тоа го направила речиси 15 години подоцна, односно поточно во 2013, кога магистрирала човечки ресурси.
Неколку години беше во брак со фолк-пејачот Благоја Груевски со кој го имаат синот Матеј.
И покрај разводот пред повеќе од една деценија, тие останаа во добри односи, комуникација и пријателски расположени еден кон друг.
После Благоја никогаш повеќе не се омажи, но долги години е во врска со својот партнер Михаил Китановски.
Водителката откри дека се запознале на одмор во Турција пред 8 години и полека нивната пријателска дружба преминала во сериозна врска.
Како што самата вели, со Михаил ја врзува искрениот однос и заедничките интереси, како и грижата еден за друг, поддршката и пред сè љубовта.
https://www.instagram.com/p/CFeyraVsr91/
https://www.instagram.com/p/CKdmbxErWBS/
https://www.instagram.com/p/CHh0oEnLdRY/
https://www.instagram.com/p/CFsIEQxsTuU/