Еве каква е Марија Шерифовиќ како мајка – бебето во најслаткото издание што сме го виделе досега
Еве како Марија го минува времето со својот син
Повторно ги воодушеви сите
Познатата пејачка Марија Шерифовиќ откако се оствари во улога на мајка не се одвојува од својот син Марио.
Таа својот наследник го доби со помош на сурогат мајка во декември месец 2023 година и од тогаш цело време е со бебето.
На социјалните мрежи речиси секојдневно објавува снимки од кои можеме да видиме како пејачката ужива во мајчинството, но и се топи во секој миг што ќе го помине со својот наследник.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Впрочем така беше и сега, а видеото што го објави предизвика воодушевување и кај нејзините фанови.
Имено, таа најпрво ги мирисна ноџињата на својот бебуш и го праша зошто не ги миел нозете, а потоа додека си играше со него цело време му велеше дека тој е нејзината крушка, џимиринка, диња, лубеница… Како изгледаше овој момент, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Блеска во секој момент што ќе го помине со него
Инаку, Шерифовиќ неодамна зборуваше за жената што и ја оствари најголемата желба во животот.
Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
„Тоа е жената што помогна да се оствари мојата најголема животна желба. Имавме најблизок можен однос, се слушавме секојдневно, заедно минувавме низ сите предизвици на бременоста, заедно одевме на прегледи“, изјави тогаш познатата пејачка за сурогат мајката што го роди нејзиниот син во Америка.