Еве каква беше ќерката на Цеца пред 10 години, а како изгледа сега, во луксузниот стан што го купи со Ѓорѓе за 750.000 евра

Неодамна исплови една стара, заборавена фотографија

Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, неодамна на една своја пријателка и го честиташе роденденот со стари фотографии со кои ги воодушеви своите бројни фанови на социјалните мрежи.
Младата пејачка со Тара Милутиновиќ се дружи од најраното детство, а нивната заедничка фотографија ги изненади сите.
Фотографијата е направена во 2011 година, кога, како што напиша Анастасија, нејзината пријателка ја „шверцувала“ во повозрасно друштво.

И ако ја споредиме со тоа како изгледа сега, и тоа во опуштено издание, ќе забележиме голема разлика.

Млада и успешна дама
Анастасија која во јавноста е присутна од мали нозе порасна во една прекрасна дама, а за тоа сведочат нејзините фотографии.
Таа денес важи за една од најпознатите пејачки од помладата генерација, па многумина се интересираат и за нејзиниот приватен живот.

Таа веќе со години е заедно со Ѓорѓе Куљиќ, младиот бизнисмен со кого пејачката неодамна купи нов луксузен стан.

Како што пишуваат медиумите, тие наводно решиле да започнат заеднички живот, а бидејќи Анастасија не споделува премногу детали од нејзината интима, пејачката досега воопшто и се нема пофалено со тоа. Но неодамна направи исклучок кога позираше на Инстаграм токму од својот нов стан за кој се шушка дека издвоиле 750.000 евра.

Пејачката седеше во својот баде мантил во розова боја, со коса замотана во крпа, а потоа видовме и како изгледа во дукс и очила за сонце.

Од она што го објави можеме да видиме дека и без шминка изгледа убаво, но и како е уредено нејзиното ново гнездо.

Во просторот доминира бела боја, како на ѕидовите, така и на мебелот, а како што пишуваат медиумите, во прашање се два стана од по 100 метри квадратни, кои се споени и се наоѓаат на два ката. Во нив има неколку тоалети, спални соби и една огромна просторија за дневен престој од каде се излегува на балконот кој е целосно од стакло.
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
