Еве каде ќе спие малиот Жељко, бебето на Вељко и Богдана – Цеца порача скапоцено златно креветче за внукот, ќе биде супер баба!
Цецa на Вељко ќе му подари златна колевка
Правена е според посебни мерки и од посебен материјал
Цеца имаше многу обврски околу подготовката на свадбата на својот син, а сега, откако тоа помина, таа одлучи да се позанимава и со доаѓањето на својот внук. Уште откако дозна дека Богдана е во блажена состојба, таа реши да купи колевка за внукот. Цеца решила да биде во прашање перфектен подарок заради што детално му го објаснила секој детаљ на дизајнерот кој ја цртал колевката и ја правел скицата.
Како што пренесуваат српските медиуми, во прашање е креветче за бебиња направено според посебни мерки и посебен дизајн во кој учествувала и самата пејачка.
Цеца заедно со дизајнерот ја нацртала скицата, а за изработката беа потребни неколку месеци. Колевката се правеше странство, а на конструкцијата има и златна плочка на која ќе биде напишано името Жељко.
Ваквите колевка чинат и по неколку илјади евра, а ќе се прави рачно во светски позната модна куќа, пишува Блиц.
Цеца никогаш не зборува за тоа колку платила за неа, како и за сите други работи. Таа само им ја кажа својата идеја на Богдана и Вељко, им го покажа нацртот што го добила од луѓето што ќе ја направат. За парите ни не станувало збор, иако на сите им е јасно дека не е во прашање мала сума бидејќи се работи за познат моден бренд што треба да ја направи.
Само транспортот на колевката, кој мора да биде авионски, ќе чини многу, вели изворот.
Пинк.рс