Еве каде ќерката на Рамковски ужива со новото момче – романтично место на кое си ги полнат батериите
И двајцата блескаат кога се еден покрај друг
Лејла Рамковска и нејзиното момче, познатиот македонски композитор и продуцент Роберт Билбилов, не ја кријат нивната љубов.
Откако најпрво се зборуваше дека ќерката на Велија Рамковски е во врска со Билбилов, тие решија повеќе да не ја кријат нивната врска, а Лејла истата ја потврди и за Гламур магазин.
Најпрво се шпекулираше дека продуцентот тивко и со својот шарм го освоил срцето на познатата скопска јога инструкторка, но и дека таа радо му се препуштила и влегла во нова љубовна авантура.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Тие по обелоденувањето на нивната врска почнаа често да споделуваат заеднички фотографии, а на нив секогаш изгледаат среќно.
Лејла тоа го направи и сега, објавувајќи неколку заеднички снимки од кои можеме да видиме како заедно уживаат во природа.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Тие седат покрај езерцето во парк, односно Роберт лежи на нозете на Лејла, опкружени со зеленило и уживаат во пролетните звуци.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Лејла објави снимка и од своето студио, каде заедно со нејзиниот тим вежба и нејзиниот сакан, кого го означи на снимката.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Потсетуваме, оваа прекрасна русокоса дама е една од најпознатите инструкторки по Аштанга јога во нашата земја.
Како што самата откри во една пригода со оваа древна техника започнала да се занимава во својата 30-та година откако и биле дијагностицирани некои здравствени проблеми.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
Откако почнала со вежбање, се ослободила од стресот и проблемите почнале да се решаваат, па така сосем случајно јогата од хоби и станала професија. Таа денес изгледа подобро од кога било досега и може да направи неверојатни пози, иако претходно со години не била физички активна и не можела да направи ни мост.
Фото: Инстаграм/ Лејла Рамковска
А какви се вратоломии може да направи Лејла денес и како изгледа додека ги прави, погледнете во продолжение…