Реклама
Вирално

Еве каде ја однеле Вања пред да и го одземат животот – шокантни детали од морбидното убиство на девојчето

За време на грабнувањето на Вања бил користен еден подрум во нејзината зграда...

Реклама

Вања била врзаната во подрумот во нејзината зграда?

Таа била грабната во самиот влез, потоа однесена во подрумските простории каде грабнувачите и ги врзале рацете и нозете и потоа ја ставиле во вреќа за спиење и ја изнеле од зградата. Ова ја објаснува нелогичноста како киднаперите успеале да ја грабнат Вања, девојка од 175 сантиметри, да ја врзат и стават во вреќа, без никој да не ги забележи, но и никој во зградата да не слушне ништо сомнително. Таа потоа, како што вели министерот Оливер Спасовски, била ставена во багажникот на „ситроенот“ и однесена на местото каде ладнокрвно била убиена…

Грабнувањето и убиството на малолетната Вања Ѓорчевска ги шокираше нашите граѓани, но и граѓаните од соседството.

Секојдневно излегуваат нови информации поврзани со ова грозоморно убиство, а како што „Телевизија 24“ девојката откако била грабната во влезот, најпрво била однесена во подрумските простории, каде што била врзана и ставена во вреќа за спиење, а потоа така била пренесена во автомобилот од претходната жртва.

Маркетинг

Фото: Фејсбук

Како што објави овој медиуми, киднаперите на овој начин успеале да ја изнесат Вања од влезот и никој да не ги забележи и покрај тоа што зградата се наоѓа во централното градско подрачје, во близина на Владата на Македонија. Првоосомничениот за овој свиреп злочин, Љупчо Палевски Палчо, наводно имал клуч од подрумот, затоа што во истата зграда има недвижнина.

Маркетинг

Како што веќе е познато, зградата ја изгради компанијата „Уна Ентерпрајс“ чиј сопственик беше токму Палевски.

Фото: Гугл мап

Потсетуваме, мајката на Вања Ѓорчевска на 27 ноември пријави дека нејзината ќерка Вања е исчезната.

Таа истиот ден за медиумите изјави дека се сомнева во киднапирање, но чудно беше тоа што никој ѝ немаше побарано откуп.

Полицијата трагаше речиси цела недела, кога беа пребарани напуштени објекти и манастири, коритото на реката Вардар, а беа прегледани и стотици снимки од надзорните камери во регионот.

Фото: МВР

По една недела беше соопштено дека три лица се уапсени, а потоа и дека тие го признале делото и го посочиле Љупчо Палевски Палчо како организатор, но и извршител на овој монструозен чин.

Тогаш полицијата ја објави и најшокантната информација дека во целиот случај бил вмешан и таткото на Вања, Александар.

На овие лица им беше одредена мерката притвор, а првоосомничениот е уапсен во Турција и се очекува негова екстрадиција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button