Еве каде живее Саша Поповиќ – една од најлуксузните вили на целиот БАЛКАНСКИ полуостров, има огромно богатство
На сопругата за роденден и купил мајмун?
Саша Поповиќ дефинитивно е еден од најмоќните луѓе на балканската естрада.
Најголемата музичка продукција на Балканот, „Гранд“ во последните години бележи раст кој се мери во милиони, а директорот и косопственикот, Саша Поповиќ, од 1 ноември официјално стана пензионер.
Како што пишуваат медиумите, медиумскиот маг низ светот поседува неколку раскошни недвижнини.
Поседува и многу други работи, како и луксузна јахта која е закотвена во Хрватското приморје.
Поповиќ само за нејзиното одржување троши цифра од која на многумина ќе им се заврти во главата.
Но како што самиот вели, тој воопшто не ги жали парите за вакви работи, посебно кога се во прашање скапите автомобили.
„Јахта знам да возам, па затоа и ја купив“, истакна тој своевремено.
Само еден од неговите автомобили чини 150.000 евра, а во гаражата има неколку кои се исто така скапи. Поседува и луксузен апартман во Опатија кој вреди скоро половина милион евра, а само часовникот што го носи чини колку и еден стан од 50 метри квадратни во центарот на Скопје.
Поповиќ планира и да изгради луксузен комплекс на Авала, каде веќе има купено плац, а неговиот дом во Белград е еден од најскапите.
Како изгледа неговата куќа на која тој и сопругата потрошиле цело богатство, погледнете во продолжение:
На сопругата и купил мајмун?!
Сопругата на Саша Поповиќ, пејачката Сузана Јовановиќ, во една пригода откри како еднаш ја изненадил сопругот.
„Не знам од каде му дојде таа идеја на памет“.
„Ми купи мајмун за роденденот, но јас тоа никому не би му препорачала да го држи дома. Имавме хорди пријатели кои доаѓаа да ја видат атракцијата, мајмун во кафезот, а потоа го дадовме во зоолошка градина. Тоа е голем одговорност, голема обврска“, изјави Сузана за „Курир.рс“.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ
Фото: Инстаграм/ Сузана Јовановиќ