Еве каде живее Боркица по разводот од Никола Груевски – овој детаљ ги шокираше сите, покажува и во каков однос е со свекрвата!
Поранешната сопруга на Никола Груевски по разводот живее повлечено и не сака да дава изјави за медиумите
Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, додека беше на власт беше во среќен брак, а неговата љубов важеше за онаа до „крајот на светот и назад“.
Поранешниот премиер и неговата 12 години помлад избраничка се заколна на вечна љубов во месец мај 2007 година. Тој тогаш имаше 36 години, а Боркица 24 кога во својата преубава венчаница се појави на свадбената церемонија во хотелот Холидеј Ин, пред речиси 200 гости.
Боркица го запознала Никола кога имала 22 години, набргу по неговиот развод од првата сопруга, пулмологот Сузана Арбутина.
Груевски и Арбутина се разведоа по четири години брак, а бракот со Боркица со која доби две ќерки, траеше многу подолго.
И додека беа заедно никој не веруваше дека еден ден ќе се разведат, се додека Груевски не стана бегалец.
Имено, Груевски во ноември 2018 година избега во Будимпешта, Унгарија, каде побара азил откако беше осуден на две години затвор. Поранешниот македонски премиер во Унгарија по брза постапка доби азил, односно стана бегалец под заштита, од политички причини, заради што унгарските власти не го прогонуваат и покрај тоа што по него се распишани потерници од страна на нашата власт.
По бегството, неговата сопруга заедно со ќерките остана да живее во еден од становите што поранешниот премиер ги имаше во зградата на Бихаќка, односно на улица Павле Шатев, кои се водат на име на неговата мајка.
Тоа впрочем може да се види и од адресата што Боркица ја оставила во Судскиот оглас преку кој, според законски обврски, треба да се информира Никола дека неговата сопруга бара развод, бидејќи тој е недостапен за органите.
Според оглсот, Боркица се уште живее во истиот стан, кој се води на име на нејзината свекрва, Надежда Груевска.
Боркица досега се нема огласено во врска со разводот, а единствената нејзина изјава дадена во сите изминати години откако јавноста ја запозна прво како партнерка, а потоа и како сопруга на поранешниот премиер, беше кога се појави снимка на која што се слушаше гласот на Зоран Заев како зборува за Никола Груевски и наводно негово paзвратно однесување на Сејшелите, снимена за време на ручек во еден струмички хотел, а на која се слуша и синот на Зоран Верушевски.
По оваа снимка беше реобјавена и една постара видеоснимка на која се гледа Никола Груевски, како ужива на одморот на егзотичниот остров, а видеото најверојатно го снимаше токму Боркица, бидејќи во позадината се слушаше нејзиниот глас, а во еден момент и Никола самиот и се обраќа.
Но откако по овие снимки се појавија шпекулациите за наводно недоличното однесување на Груевски на Сејшелите, порталот „Инфомакс“ побара изјава и од Боркица која тогаш се уште му беше сопруга, која само кратко изјави:„ Никола не е таков човек. Тоа се само лаги и шпекулации“.
Покрај ова таа тогаш за споменатиот портал потенцираше дека е изненадена од новинарите кои наместо да ја истражат целата ситуација, бесрамно се насладуваа и без никакви докази се надоврзуваа на приказната. Таа ја потврдува веродостојноста на снимката, и вели дека секој што внимателно ќе ја погледне истата ќе слушне женски глас кој снима.
Таа самата вели дека тоа е нејзиниот глас и дека потврдува дека тоа е таа, иако никаде не се појавува на снимката.
И ова е единствената нејзина изјава, дадена во медиумите, иако таа долги години беше сопруга на најмоќниот човек во државата.
Таа како втора дама секогаш кога ќе се појавеше во медиумите беше во друштво на нејзиниот сопруг, а нивните заеднички фотографии се уште се вртат по социјалните мрежи. За разлика од Груевски, кој има активен профил на Фејсбук, Боркица никогаш немала, но нејзините фотки секогаш предизвикуваа големо внимание во јавноста.
Таа е жена со негуван изглед и секогаш изгледала отмено и убаво, а нејзиното последно издание во јавноста е кога се појави на прославата на еден роденден на кафуле кој се наоѓа во близина на станот во кој што живее. Фотографијата ја објави порталот „Скопје1“, а на неа Боркица беше насмеана и расположена, и тоа беше нејзино прво појавување по бегството на Груевски.
Нејзините пријатели ја опишуваат како скромна жена и грижлива мајка, која сега максимално е посветена на своите две ќерки.
Како Боркица изгледала некогаш, кога го освоила срцето на поранешниот премиер, но и сега, погледнете од фотографиите што се уште стојат на официјалниот профил на Фејсбук на Никола Груевски.
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски
Фото: Фејсбук/ Никола Груевски