Еве зошто цел свет зборува за згодниот турски шармер со потекло од МАКЕДОНИЈА кој преку ноќ ги освои и срцата на Италијанките
Новата љубов на турскиот Аполон е лага?
Пред само неколку дена во јавноста одекна веста дека Џан Јаман, актерот што се прослави со серијата Романтичарот е во врска со италијанската новинарка Дилета Леота, девојката што до неодамна ја поврзуваа со Златан Ибрахимовиќ. За нивната љубов почна да се шушка некаде на почетокот од оваа година, откако беа сместени во ист хотел во Рим.
Но пред неколку дена 31 годишниот Џан објави заедничка фотографија на која пишува „опасен пар“.
Тогаш нивните фанови беа убедени дека Џан со ова ја потврди нивната врска, но некои италијански медиуми се сомневаат во тоа, и во своите најнови текстови тврдат дека наводно во прашање е само маркетиншки трик.
Џан кој го сметаат за еден од најпосакуваните мажи на светот откако во Турција му беа откажани неколку проекти, дојде во Италија каде неодамна снимаше реклама за тестенини, а наскоро ќе се појави и во една серија.
Но токму заради промоција на серијата, како што пишува порталот „teammy.com“, Џан и Дилета глумат дека се заедно.
Иако неколку пати беа фатени и од папараците, а нивни заеднички фотографии објавија и за Денот на вљубените, странските медиуми пишуваат дека се е однапред смислено и испланирано, а со цел што повеќе да се пишува за актерот, а со тоа во оваа земја и да се промовира неговата серија.
Покрај ова, странските медиуми објавија и дека Дилета е во врска со тамошен боксер, 28 годишниот Даниело Скардини, додека на актерот само му глуми девојка, и тоа најверојатно за поприлично голема сума на пари.
Но овие претпоставки досега се уште никој ги нема потврдено, а љубовта на познатиот актер со македонски корени и згодната Италијанка веќе со денови е тема број еден како во тамошните медиуми, така и во светските.
Инаку, бабата на Џан по мајка е Македонка, што дополнително ги краде симпатиите кај нашите гледачи, особено кај припадничките на понежниот пол.
Роден е во Истанбул, но долго време живеел во Америка каде студирал, но сега неговиот дом е Турција. „Семејството на моите родители се емигранти од Југославија. Баба ми од страна на татко ми е Македонка. Ние одамна живееме во Истанбул и нашето семејство е семејство на адвокати “, изјави тој неодамна за еден од најпознатите турски портали.
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Дилета Леота
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман
Фото: Инстаграм/ Џан Јаман