Еве зошто цела Македонија зборува за ова издание на нашата позната водителка – и холивудските дами можат да и завидуваат!
Нашата позната водителка изгледаше како самовила во овој фустан со македонски потпис
Впечатливиот детаљ на фустанот никого не остави рамнодушен, а за тоа сведочат и бројните коментари што Јана ги доби на сметка на својот изглед…
Нашата познат водителка со своето последно издание покажа дека е вистински виртуоз кога се стилот и модата во прашање.
Водителката Јана Серафимова каде и да се појави привлекува внимание со својот шарм и убавина, а многу често и со своите внимателно избрани комбинации кои „врескаат“ со елеганција, женственост и оригиналност.
Впрочем така беше и овој пат кога на концертот на кралот на валцерот Андре Риу се појави во посебно издание и го украде шоуто.
Таа за оваа пригода блескаше во преубавиот бел фустан од македонската дизајнерка Антонија Ристовска со кој никого не остави рамнодушен.
Во прашање е долга бела тоалета со неверојатен тиркизен дезен сочинет од насликани огромни цветови на здолништето.
Покрај неодоливиот цветен дезен фустанот имаше и мала панделка во иста нијанса со цветовите, како и тенко ременче, а убавата водителка во него изгледаше како принцеза од бајките.
Таа оваа креација која изгледа магично за око ја носеше со елегантна фризура, темно црвен кармин и големи обетки.
Впечатливиот детаљ на фустанот никого не остави рамнодушен, а за тоа сведочат и бројните коментари што Јана ги доби на сметка на својот изглед, „Изгледаше како самовила“, Прекрасна дама“, беа само некои од нив.
„Благодарам драга Антонија Ристовска, за креацијата поради која се чувствував посебно и соодветно на синоќешната магична атмосфера“.
„На секое влегување во твоето ателје наидувам на истата ведрина, топлина, професионализам, уметност и една посебна отменост“, напиша водителката и самата воодушевена од ова издание.
На овој коментар се надоврза и креторката на оваа прекрасна креација, модната дизајнерка Антонија Ристовска.
Драга Јана ти благодарам од срце на секој убав збор. И за мене е чест и огромно задоволство што те познавам и што секогаш знаеш на вистински начин да ги износиш моите креации . Прекрасна, прекрасна, и порача Антонија..
Па, што мислите вие за ова издание на Јана?
Бонус галерија
Јана Серафимова блескаше и на својта свадба во венчаница од македонската дизајнерка Антонија Ристовска
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова
Фото: Инстаграм/ Јана Серафимова