Наши ѕвезди

Еве зошто Сузана Манчиќ се разведе од својот прв сопруг

Advertisement

Поранешната лото водителка нема влакна на јазикот

Advertisement

Познатата водителка Сузана Mанчиќ е една од ретките јавни личности кои до детаљ ги раскажуваат пикантериите од својот приватен живот. Токму затоа нејзе не и беше тешко да зборува за сето она што го има доживеано со поранешниот сопруг Небојша Куниќ, член на познатиот бенд во поранешна Југославија, „Седморица младих“.

Имено, Сузана во тоа време доживеала партнерот да и зборува работи какви ниту една друга припадничка на понежниот пол не би трпела. Токму затоа и разводот од сопругот од кого има две ќерки бил неминовен.

Сузана неколку пати има јавно кажано дека таа била онаа која го запросила својот сопруг, но и побарала развод од него. Водителката веќе била во четириесеттите години од животот кога одлучила да се разведе, а чашата ја прелило кога поранешниот сопруг ја навредил дека повеќе не е ни млада ни убава.

Advertisement

Тој исто така додека се уште биле во брак и зборувал и дека никој друг не би сакал да ја ожени доколку тој не го направил тоа, па водителката одлучила да го остави.

Сузана и Небојша кој беше член на бендот познат во поранешна југославија „Седморица младих“ во брак беа осум години и од тој брак ги добија ќерките Теодора и Наталија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button