Кејт Мидлтон е позната по својот елегантен стил, но наскоро би можела да напави промена о нејзиниот имиџ.
Имено, како што пренесува Дејли Меил, војвотката вработи нова стилистка, својата стара пријателка од факултет и поранешна модна уредничка Вирџинија Чадвик која треба да го освежи нејзиниот плакар.
„Вирџинија е тајното оружје на Кејт. Таа веќе некое време и дава модни совети кои и помогнаа многу и во подигање на самодовербата“, откри неодамна извор близок до кралското семејство за британските медиуми.
И доколку ги погледнеме малку подобро последните изданија на Кејт, како комбинацијата со „pussy bow“ блузата од „Gucci“ или полежерното издание со тренди чизмите со врвки, навистина ќе забележиме промена на подобро. Се надеваме дека нема да престане да носи и парчиња што можеме да си ги дозволиме сите, а во кои до сега често ја гледавме.