Еве зошто сите зборуваат за овој фустан на Агнеса Органџиева – жените ШОКИРАНИ, заради овие фотографии гори Инстаграм!
Со малку фантазија и добар вкус можете да го освоите светот
Комбинацијата во која Агнеса Органџиева позираше деновиве покрена дузина коментари на социјалните мрежи.
Имено, сите се воодушевени од ова нејзино издание, но истовремено и изненадени од цената на фустанот.
Познатата инфлунесерка се фотографираше во преубав фустан со дискретен отвор во пределот на деколтето, позирајќи покрај украсена новогодишна елка.
Органџиева целото издание го зачини со металик златни високи потпетици и нејзината преубава руса коса, а во центарот на вниманието беше креацијата со која Агнеса ја истакна својата женствена линија.
Фустанот е со асиметричен крој, со суптилен отвор во пределот на деколтето и шлиц со кој Агнеса никого не остави рамнодушен.
Коментари на сметка на нејзиниот изглед се уште се нижат под фотографиите, и сите велат дека никогаш не изгледала подобро.
Но она што е посебно интересно за ова гламурозно издание на Агнеса е тоа што во прашање е фустан кој може да си го дозволи секоја дама. Имено, истиот на една страница на Фејсбук од Македонија се продава по цена пониска од 2000 денари, со што Агнеса покажа дека и во не така скапи парчиња повторно можете да изгледате гламурозно и сензационално, и да бидете во центарот на вниманието.
Инаку, ваквите модели се одличен избор како за претстојните прослави, така и за самиот дочек на Нова Година, а во продолжение погледнете уште неколку шик модели со цени од кои нема да ви се заврти во глава.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева