Еве зошто сите зборуваат за ова страсно издание на Елена – водителката од Сител ги вжешти социјалните мрежи
Тесниот црвен фустан никого не остави рамнодушен
Што и да облече, блеска како холивудска дива
Елена Стојановска-Јанковска важи за една од нашите најубави водителки, а со ова свое издание уште еднаш покажа зошто е тоа така.
Имено, Елена важи за вистински професионалец кога е работата во прашање, но и за дама која опива со својот шарм како пред малите екрани, така и на социјалните мрежи.
Таа со своите модни изданија често им поставува и „домашни задачки“ на сите останати колешки кога е стилот во прашање, а повеќе од сигурни сме дека така беше и овој пат.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Имено, Елена овој пат пред камерите блесна во тесен црвен фустан кој ја следи линијата на телото и како да беше скроен само за неа.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Креацијата е со долги ракави и со должина над колената, така што во преден план беа токму убавите нозе на шармантната водителка која таа комплетно ги истакна со елегантните црвени високи потпетици, а целото издание го заокружи со црвен кармин.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Празнично и малку поспано, ама како црвена да е моја боја, напиша Елена под ова свое издание додека се снимаше со мобилниот.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа самата се снимаше додека седеше на фотелјата со скрстени нозе, по што сигурно доби бројни комплименти на сметка на својот изглед.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Потсетуваме, Елена пред само неколку дена го прослави својот 44-ти роденден кога ги изненади сите и со тоалетата што ја носеше.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа тогаш заблеска во црн фустан во кој изгледаше како Одри Хепберн од легендарниот филм „Појадокот кај Тифани“, а на прославата покрај колешките беше и нејзиниот сопруг.
Повеќе за ова дознајте тука…