Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Цеца – ќе се изненадите, пејачката никогаш не била поубава
Цеца ги остави сите без здив – се појави и го украде шоуто
Повторно ги воодушеви сите
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и овој пат никого не остави рамнодушен кога се појави пред студиото на „Гранд“.
Таа овој пат блесна во црвено од глава до пети, а комплетот што го носеше го истакна нејзиното витко тело.
Покрај црвените панталони и кошулата во истата нијанса кои и стоеја одлично, Цеца носеше шик огрлица, нараквица и обетки.
Фото: Инстаграм
Интересни беа и сандалите што ги носеше во златна нијанса, а целото издание го зачини со кармин кој исто така беше во бојата на страста.
Фото: Инстаграм
Цеца со ова издание покажа како жена и во панталони и кошула може да изгледа елегантно, но и поприлично занесно, а впрочем за тоа зборуваат и бројните комплименти што ги доби.
Фото: Инстаграм
Инаку, ова не е прв пат Цеца со изборот на своите панталони да предизвика воодушевување кај сите.
Впрочем таа тоа го направи и на свадбата кај Богдана и нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ, но тогаш со панталони во беж нијанса.
Фото: Инстаграм
Пејачката тогаш панталоните ги носеше со кратко сако во истата нијанса додека чевлите и кошулата беа со леопард дезен.
Како Цеца изгледаше во ова свое издание, но и на свадбата на својот син, погледнете во продолжение…