Еве зошто сите зборуваат за ова издание на Џенифер – и на 53 изгледа НЕВЕРОЈАТНО, како и Џенифер Лопез на насловната на Вог!
Џенифер повторно во центарот на вниманието…
Актерката која и на 53 години без проблем застана во едно вакво издание пред фотографот, за себе вели дека се чувствува одлично во своја кожа, па дури и многу подобро отколку во 20-тите и 30-тите години од нејзиниот живот…
Познатата актерка никого не остави рамнодушен со нејзината насловна за магазинот „Алур“.
Холивудската актерка Џенифер Анистон за декемвриското издание на магазинот носеше низа впечатливи и носталгични парчиња од 90-тите и позираше во заводливо издание. Неверојатните слики започнуваат уште од корицата на која Џенифер носи микро горен дел од бикини со логото на Шанел, во комбинација со танга од Гучи која срамежливо ѕиркаше под црното здолниште од Сен Лоран.
Таа во интервјуто за магазинот зборува за нејзината борба за плодност и за кариерата, а храбрата насловна на познатата холивудска актерка доаѓа само еден ден по уште еден неверојатен едиторијал.
Во прашање е едиторијалот на Џенифер Лопез (53) за најновото издание на култниот моден магазин „Вог“, кој исто така ќе можете да го видите во продолжение:
Инаку, винтиџ дизајнот од Шанел со кој Џенифер никого не остави рамнодушен прв пат на модните писти се појави во 1996 година.
Џенифер која има 53 години и која без проблем застана пред блицот, и позираше во едно вакво издание, за себе вели дека се чувствува одлично во своја кожа, па дури и многу подобро отколку во 20-тите и 30-тите години од нејзиниот живот. Впрочем таа така и изгледше додека позираше самоуверено во моделот од Шанел кој во далечната 1996 година го носеше манекенката Стела Тенант, но и во тангите од Гучи кои исто така се винтиџ и потекнуваат од 1997 година.
Во интервјуто Џенифер отворено зборуваше и за тоа како се гледа во иднина, но и дали има проблем со стареењето, нешто што мачи многу познати личности и нејзини колеги кои постојано се жалат на оваа тема.
„Треба да престанеме да си кажуваме лоши зборови за себе. Еден ден ќе имаш 65 години и ќе помислиш колку добро си изгледала на 53 години“, вели Џенифер.
А тоа дека таа навистина изгледа одлично во шестата деценија од животот, согласни се сите што ги видеа нејзините фотографии на социјалните мрежи.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue