Еве зошто сите жени треба да имаат барем едни вакви фармерки – градоначалничката на Скопје изгледа одлично во нив!
Таа изгледа младешки и модерно речиси во секое свое издание, па дури и кога носи наједноставни комбинации.
Многу жени имаат проблем да изберат фармерки што ќе им стојат, а моделот што го носи Данела е еден од оние што на секоја жена би изгледал убаво…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не ретко знае да не воодушеви со својот деловен моден стил.
Откако стана градоначалничка на главниот град во Македонија, таа работи под полна пареа, а на нејзиниот профил на социјалните мрежи редовно објавува фотографии од нејзините секојдневни активности.
И од овие нејзини објави можеме да забележиме дека Данела е дама која сака елегантен и женствен стил, но и жена која во своите деловни изданија најчесто носи едноставни и непретенциозни комбинации.
Таа изгледа младешки и модерно речиси во секое свое издание, а многу често можеме да ја видиме и во обични фармерки.
Впрочем така беше и овој пат кога се појави во лежерно модно издание кое и овој пат зрачеше со едноставност.
Главна ѕвезда во оваа нејзина комбинација беа тесните темносини фармерки кои Данела ги носеше со црни чизми до глужд.
Таа целото издание го зачини со тесна црна блуска и црно „оверсајз“ сако, како и со суптилна шминка.
Според мислењето на модните критичари токму ваквите фармерки се модел во кој секоја жена изгледа најдобро.
Во прашање е модел во тегет боја кој може убаво да стои и да му ласка речиси на секој тип на женско тело, а треба само да внимавате да ги избегнувате оние со избледени детали бидејќи тие визуелно ја шират фигурата.
Затоа најдобро е да изберете модел сличен на овој што го носи Данела и во нив ќе бидете најзадоволни со вашиот изглед.
И доколку ги комбинирате на начин како што тоа го направи Арсовска, ќе можете да ги носите и во вашите деловни изданија.
Погледнете уште неколку интересни изданија на Данела…
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска
Фото: Инстаграм/ Данела Арсовска