Еве зошто сите гледаа во Сања Кужет во „Ѕвездите на Гранд“ – УБАВАТА ВОДИТЕЛКА во ова издание се надмина самата себеси
Водителката на „Ѕвездите на Гранд“ Сања Кужет во финалната вечер се појави во издание со кое ги воодушеви сите.
Таа се појави во преубава тоалета која на нејзиното тело стоеше прекрасно, а ја носеше со дискретен накит.
Нејзината коса беше врзана, така што дојде до израз нејзиното убаво лице.
Инаку, во напнатата финална вечер победи претставникот од Босна, Махир Мулалиќ.
Махир како победник во оваа сезона која заради вирусот корона траеше две години, ќе добие автомобил, но и две песни како подарок од продукцијата и комплетен маркетинг во рамките на Гранд.
Оваа финална вечер победникот за разлика од претходните гласања го избраа само со СМС гласови.
Љубвниот живот на убавата водителка
Убавата водителка е во врска со бизнисменот Немања Живојиновиќ, а неодамна откри дека биле во врска како тинејџери.
Тие не се венчани, но живеат заедно и имаат два сина, Андрија и Страхиња. Еве што изјави таа во една пригода.
„Една информација која не е позната во јавноста е дека на почетокот на нашите дваесетти бевме во емотивна врска“.
„Кога по десет годни повторно се сретнавме, го прескокнавме тој вовед и запознавањето“, изјави Сања неодамна за својот партнер.
Шармантната водителка пред девет години беше омажена за еден од членовите на обезбедувањето на сопственикот на „ТВ Пинк“, Жељко Митровиќ, Зоран Пипер, со кого го има синот Страхиња.
Тогаш кума на свадбата и беше Лепа Брена.
Инаку, водителката постојано е активна на социјалната мрежа Инстаграм, таа објавува многу фотографии од снимањата, но објавува и од нејзиното секојдневие.
Погледнете како згодната Сања Кужет изгледа кога е надвор од студиото.
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет
Фото: Инстаграм/ Сања Кужет