Еве зошто сите гледаат во стапалата на нашата позната водителка Лила Филиповска – мора да го видите ова, ќе се воодушевите!
Одлично лежерно издание…
Познатата македонска водителка Лила Филиповска овие денови беше „фатена„ во преубаво пролетно издание со кое се шеташе низ скопските улици.
Лила овој пат изгледаше максимално опуштено, а на себе имаше преубаво бело фустанче со кое никого не стави рамнодушен. И бидејќи надвор се вистински летни температури, Лила избра удобни, но скапоцени папучи од Диор со кои што неодамна се пофали на социјалните мрежи.
Водителката и овој пат беше насмеана и видно расположена, што се познава и по тоа што таа радо се фотографираше со своите обожаватели што случајно ја сретнаа на улица и сакаа да направат селфи со неа.
Таа едноставно блескаше во оваа пролетна комбинација, а целото издание го заокружи со црвен кармин и убава фризура.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Инаку, шармантната водителка е позната како дама што сака да вложува пари во парчиња облека и модни додатоци, а најмногу троши на чанти, очила за сонце и обувки. Многу ретко се случува да ја видиме во иста модна комбинација бидејќи води сметка секогаш да биде поинаку облечена, а што и да избере, секога изгледа беспрекорно.
Таа не жали пари кога се скапите парчиња во прашање, кои често ги купува во најскапите бутици и продавници.
Во продолжение погледнете уште едно издание на Лила со нејзините омилени папучи за оваа пролетна сезона.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Погледнете ги и останатите изданија на Лила…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Па, дали ви се допаѓа стилот на Лила?