Реклама
Стил

Еве зошто сите гледаат во овие фотографии на Анета Љумаковска – со овој детаљ ги освои сите

Пејачката покажа и како се носи сива боја

Реклама

Една од нашите најпознати фолк-пејачки во последно време се почесто не изненадува и со своите интересни стајлинзи.

Таа сака да експериментира со стиловите, па така покрај елегантните изданија често ја гледаме и во смели комбинации.

Да, станува збор за Анета Љумаковска која важи за една од омилените пејачки во Македонија, посебно кај љубителите на македонската народна музика. Но Љумаковска во последно време привлекува внимание и со својот моден избор, а тоа впрочем го покажа и деновиве.

Маркетинг

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката на својот профил на Инстаграм сподели неколку фотографии, а посебно привлече внимание нејзиниот изглед.

Маркетинг

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Имено, Анета во последно време често може да ја видиме со еден детаљ кој им е омилен и на многу познати светски ѕвезди.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Станува збор за нејзиното сако во сива боја, кое пејачката го носеше со бела блуска и тесни сиви фармерки.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Оваа комбинација им е омилена на многу светски ѕвезди, а сакоата и оваа есен се еден од водечките трендови.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

И додека со фризурите експериментира и често ги менува, Анета од своите тренди сакоа очигледно не се откажува.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Па така пејачката и неодамна блесна во сиво сако, но тогаш во прашање беше модел со кариран дезен кој го носеше во комплет со панталони.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Повеќе од очигледно е дека Анета е една од оние дами што обожаваат да носат елегантни сакоа кои се одлична замена за јакните, посебно во преодниот период од годината.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа најчесто ги носи со панталони или фармерки, а неколку нејзини изданија со ова парче погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Што се однесува до понудата во нашите хај-стрит продавници, оваа есен во мода ќе бидат бизнис сакоа, односно оние што оставаат деловен впечаток, а какви најмногу обожава и Анета.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Покрај овие модели оваа есен на голема врата се враќаат и струкираните сакоа, како и кожните варијанти и оние што се носат со ремен.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Како изгледаат овие модели, погледнете во продолжение…

Инстаграм/ Елса Хоск

Струкирано сако

Инстаграм/ Изи Ангус

Сако со ремен

Инстаграм/ Софија Туксфорд

Класично „бизнис“ сако

Инстаграм/ Виа Ема Јанг

Кожено сако

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button