Реклама
Новости

Еве зошто сите во „Ѕвездите на Гранд“ гледаа во нозете на фолкерката – Цеца ги изненади и стилистите

Цеца во хит издание

Реклама

Цеца во несекојдневни чизми

Популарната фолк -пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ во последно време сака да експериментира со модата.

Впрочем тоа можевме да го видиме и од нејзиното последно издание со кое се појави на снимањето во „Ѕвездите на Гранд“.

Маркетинг

Имено, Цеца по кој знае кој пати ги истави сите без здив, а посебно внимание привлече со модерните високи чизми.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Во прашање се рамни чизми со врвки и високи до колена во какви досега ја немаме видено познатата пејачка.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Овој необичен модел Цеца го носеше со тесни црни панталони и широк црн ремен, а целото издание го разигра со кошулата.

Станува збор за кошула со животински дезен заради која целата комбинација не само што не изгледаше здодевно, туку доби примеси и на неодолива женственост и провокативност.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Кошулата што Цеца ја носеше имаше интересна јака, која изгледаше како да е направена од материјал префрлен околу вратот, а заради полупроѕирниот материјал во преден план беа облините на пејачката.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Пејачката на овој начин покажа и дека закопчана до грло може да привлече внимание и да изгледа мошне заводливо.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа целото издание го заокружи со мала црна чанта, коса врзана во пунџа и темни очила за сонце, а ако судиме според коментарите што ги доби на социјалните мрежи, ова издание на Цеца и покрај тоа што беше необично за неа, дефинитивно беше полн погодок.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button