Реклама
Новости

Еве зошто се разведуваат Харис и Мелина – фолкерот ги запрепасти сите со она што го откри за неа

Неговата изјава подигна голема прашина

Реклама

Развод за кој се уште сите зборуваат

Харис Џиновиќ по 22 години брак се раздели од неговата сопруга Мелина, а за нивниот развод се уште се зборува.

Како што пренесуваат медиумите од соседството, тие и покрај разводот се уште се во одлични односи и планираат тоа така и да остане. Според екипата на „Папарацо лов“, Мелина во изминатиов период често излегувала надвор од нејзиниот дом, а неодамна пв пат по разводот беше забележана и на еден јавен настан.

Маркетинг

Таа во ноември минатата година наполни 42 години, а врската со Харис ја започна уште во 2002 година, на 20-годишна возраст.

Маркетинг
Принтскрин/ Јутјуб, Блиц

Тие од овој брак имаат две деца синот Кан и ќерката Џина, а во брачните води стапија откако 12 години беа во врска.

Како што пренесуваат медиумите, тие одлучиле да се разделат бидејќи нивниот однос веќе подолго време не штимал.

Од овие причини решиле дека разводот ќе биде најдобра одлука како за нив така и за нивните деца. Мелина се иселил од нивната раскошна вила, а Харис остана таму со нивните деца. Во тек е процесот за развод а подоцна ќе биде одредено како ќе биде поделен нивниот заеднички имот, пишуваат медиумите во соседството.

Харис и Мелина во брачните води запловија откако 12 години беа во врска, а на вечна љубов се заколнаа 2014 година, на една луксузна јахта во близина на Дубровник.

„Таа ме напушти, а не јас неа!“

Веста дека се разведуваат за медиумите ја потврди Харис, кој јавно изнесе дека е „изневерен маж“ и дека таа самоволно го напуштила домот.

„Таа ме напушти мене, а не јас неа. Таа ги знае причините. Ми беше можеби тешко пред година, година и пол дена, бидејќи ми беше разделено семејството“, изјави тогаш популарниот пејач за медиумите.

Како што пренесуваат медиумите, по разводот децата останале да живеат со Харис во раскошната вила, додека модната креаторка, уште пред година дена, како што пејачот откри за медиумите, го напуштила домот.

Мелина го промени презимето?

Од друга страна „Блиц“ објави дека таа решила и да го промени презимето, односно да го врати своето моминско Галиќ.

Таа наводно има и нов љубовник – станува збор за две години постар маж, познат во јавноста и кој отсекогаш важел за заводник.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button