Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто овој манастир има посебно место во срцето на познатиот МАКЕДОНСКИ пејач – среќна вест од нашата естрада!

Реклама

Преубави вести од нашата естрада!

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Пејачот Ламбе Алабакоски и сопругата Магдалена за време на викендот направија крштевка за синот Димитриј во манастирот Св. Јован Бигорски. Русокосото момче наскоро ќе наполни две години а сега стана член на Христовата црква.

Нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски заедно со сопругата Магдалена направи крштевка на своето двегодишно синче.

Маркетинг

Познатиот пар крштевката ја направи во манастирот Св. Јован Бигорски, а на социјалните мрежи објави заедничка фотографија и цитат од библијата со кој ги воодушеви своите бројни фанови.

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

„Вие кои во Христа се крстивте во Христа се облековте” (Гал. 3:27) Крштевка на помалиот син Димитриј“ напиша тој.

Фото: Инстаграм/ happyballoonsmkd

Една од првите што му честиташе беше новинарката Анита Даева која под фотографијата кратко напиша:

Маркетинг

„Вечно името“, напиша Анита и сподели неколку срциња.

Фото: Инстаграм/ happyballoonsmkd
Фото: Инстаграм/ happyballoonsmkd
Фото: Инстаграм/ happyballoonsmkd

Инаку Димитриј има и постаро братче Михаил.

Тие и двајцата се родени во Детроит каде Алабакоски живееше до неодамна, кога реши заедно со сопругата да се врати во Македонија.

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Инаку, Ламбе кој важеше за еден од најпознатите македонски пејачи откако се врати во Македонија повторно и се посвети на музиката.

Тој во јавноста стана познат по победата на музичкиот натпревар на М продукција, „Плеј – потрага по ѕвезди“ во 2004 година, а кога беше на врвот од својата кариера, реши да се ожени и да замине од Македонија .

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Тој својата сопруга ја запроси пред истиот манастир, Св. Јован Бигорски, во кој сега го крстеше и синот, Димитриј.

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Ламбе тогаш ја запроси својата идна сопруга во манастирот на традиционален начин, на празникот Голема Богородица.

И бидејќи Магдалена, која по потекло е од Битола, во тоа време живееше во Америка, Ламбе реши заради љубовта да се откаже од својата кариера и замина со неа.

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Интересно е и тоа што првиот син Михаил е роден на истиот ден како и неговиот татко, 16 ноември.

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Фото: Инстаграм/ Ламбе Алабаковски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button