Нашата позната водителка и покрај тоа што е во „зрели“ години се уште зрачи со убавина и харизма, впрочем како и секогаш…

Ирена Спировска веќе со години наназад важи за една од најубавите телевизиски лица во Македонија. Таа и покрај годините зрачи како со својата убавина, така и со неодоливиот шарм. Заштитен знак и е нејзината препознатлива виткана коса, а своето тело го одржува со спорт и долгите и напорни прошетки низ македонските планини.
И додека за нејзините деловни ангажмани речиси знаеме се, Ирена многу ретко зборува за својот приватен живот. Но како што веќе рековме, она што водителката не може да го сокрие е нејзината харизма, а тоа можеме да го видиме и од оваа фотографија на која позира заедно со поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски, Кристина Димитријевска.

На фотографијата и двете дами носат кратки фустани и во преден план се нивните нозе, а она што сите го забележаа е тоа што Ирена може да и парира на манекенката – и тоа не на било која манекенка, туку на една од најубавите во Македонија, и покрај тоа што е речиси двојно постара од неа.

Многумина коментираа дека и двете изгледаат одлично и имаат убави нозе, а Кристина напиша: „Две жени од прекрасниот Лешок на едно место.“