Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто ова беше навистина посебен ден за Анета Љумаковска – емотивна како никогаш досега

Пејачката ги изненади сите со емотивните зборови

Реклама

Преубава вест што ги израдува нејзините фанови

Пејачката Анета Љумаковска објави две посебни објави на социјалните мрежи, а причината ги разнежни нејзините фанови.

Имено, таа со емотивна објава му го честиташе роденденот на својот брат, но и на својата мајка која исто така славеше роденден.

Маркетинг

„Понекогаш животот не доведува во искушение и предизвикува да заборавиме на сé, но во тие моменти кога минатото е далеку, а иднината уште подалеку, ни останува ‘денес’, а токму денес е твојот ден кога го славиш твојот роденден, а јас славам затоа што имам брат кој секој би посакал да го има“ напиша Анета, па додаде:

Маркетинг
Инстаграм/ Анета Љумаковска

„Среќен роденден, те сакам најмногу“ напиша Анета на фотографијата на која што е со нејзиниот брат Борче, а потоа објави заедничка фотографија и со нејзината мајка Љиљана, на која исто така и беше роденден, па ги напиша и следниве зборови:

„Ти ја посакувам целата среќа на светот иако заслужуваш многу повеќе. Среќен роденден“, напиша Анета на својот Инстаграм.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Потсетуваме, пејачката и покрај тоа што не сака своето семејство премногу да го експонира и сака да ја сочува приватноста, понекогаш знае да сподели фотографии на кои е со најблиските и да ги изненадионие што ја следат на социјалните мрежи.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Нејзиниот брат веќе долги години живее во Шведска.

Тој е таму со сопругата и нивните две деца, а пејачката не крие дека тој отсекогаш и бил најголема поддршка во животот.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Анета, како што самата откри во една пригода за Гламур (интервјуто прочитајте го тука), и денес за секоја своја одлука знае да се посоветува со него, а за тоа колку се блиски и колку се почитуваат впрочем зборуваат и нивните фотографии.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Нова фризура

Потсетуваме, Анета во последно време се почесто ги изненадува своите бројни фанови и со својот нов имиџ.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа деновиве си ја скрати косата, така што сега благодарение на фризерот Алек Палада можеме да ја видиме и во едно вакво издание. Нејзините обожаватели беа воодушевени, а како на Анета и стои оваа промена, погледнете во продолжение…

Бонус видео

Анета во акција

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button