Еве зошто оваа Русинка е кралица на стилот во светот на модата
Таа важи за една од најголемите модни икони на новото време

Мирослава Дума досега милион пати има покажано зошто е неприкосновена кралица на стилот. Таа од модна новинарка стана една од највлијателните жени во модната индустрија, а со секоја своја појава ги диктира модните трендови и секогаш ни отвора нови димензии кои се поврзани со софистицираниот стил и убавиот женски изглед.
https://www.instagram.com/p/BjNf8oqhLtE/?utm_source=ig_embed
Познатата Русинка и кога носи обични класични парчиња тоа го прави на посебен, оригинален начин трансформирајќи го својот изглед во потполно шик издание. Овој пат во прашање е „оверсајз“ сако во темнозелена боја кое Мирослава го носеше со плисирано здолниште и целото издание го запечати со златен брош и стејтмент високи потпетици.

Но покрај ова издание таа ни покажа уште една максимално тренди комбинација во кое кафеавото сако (погледнете внимателно како е врзан ременот) го носи со панталони и црни ретро чизми со врвки, додека со шарената жолта марама која лежерно е врзана под сакото Мирослава го подигна целото издание на едно повисоко ниво.
Ниво кое заслужува само пофални зборови!



