Еве зошто оваа жена е една од најзгодните и најубавите Македонки – блеска и во петтата деценија (фото)
Ја гледаме на телевизија, а ова е тајната со која таа го одржува своето беспрекорно тело
Еве како изгледа кога тренира
Познатата водителка Вера Мештеровиќ покажа како го одржува своето „брутално“ тело во форма и воодушеви многумина.
Облечена спортски, во црни хеланки и обична маичка, Вера покажа како се поти и вежба, а резултатот е и повеќе од очигледен.
Имено, поранешната македонска манекенка која веќе некое време успешно „плови“ и во водителските води на телевизија „Канал 5“ изгледа „брутално“, посебно ако земеме во предвид дека има две бремености зад себе и е во петтата деценија.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Таа на социјалните мрежи секојдневно објавува ситуации од животот, а не ретко знае да ги почести фановите и со провокативни фотки.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Но овој пат Вера покажа како го одржува своето тело во форма и како изгледа еден нејзин тренинг во теретана.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
На сите ни е многу добро јасно дека секој што има желба добро да изгледа, мора малку и да ги засука ракавите и да започне со вежбање, а оваа наша позната дама која веќе со години е присутна во јавноста, очигледно нема проблем со тоа.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
И потоа кога ќе го соблече хеланките и ќе скокне во своите омилени фустанчиња секако дека ќе заблеска и ќе ги стави сите без здив, а како изгледа и кога е тип-топ средена од глава до пети, во еден преубав фустан со отвори, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Инаку, Вера беше во брак со поранешниот фудбалер Игор Кралевски, но тие пред неколку години решија да се разведат.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Таа е мајка на две деца, синот Андреј и ќерката Јована што ги доби од бракот со фудбалерот, а како што може да се види од нејзините објави, најсреќна е кога времето го минува со нив.
Како изгледаше Вера на почетокот од кариерата, погледнете тука…