Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто Новак е најголемата ѕвезда на Олимписките игри – сите се фотографираат со него, а овие фотки се хит на Инстаграм

Реклама

На Олимписките игри во Токио владее „нолеманија“

Фото: Инстаграм

Новак Ѓоковиќ е убедливо најголемата ѕвезда во Олимпиското село, па нема да се изненадиме ако до крајот на игрите собере 11.000 селфи фотографии колку што има спортски учесници. Имено, речиси секој од нив сака да се фотографира со него, па секојдневно добива десетици барања за сликање со колегите и колешките од другите спортови.

Тој е во Токио за да ја испише историјата и веројатно тоа многумина го чувствуваат, а неговите фасцинантни резултати од оваа година (сите три „Гренд слем“ турнири по ред) никого не оставаат рамнодушен. И бидејќи Новак е екстровертна личност и ги сака луѓето и дружбите, тој радо им ја исполнува оваа желна на своите фанови меѓу спортистите.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

И од многуте фотографии што деновиве се појавија на Инстаграм на многумина им е омилена онаа на која позира со белгиските гимнастичарки кога најдобриот светски тенисер ги воодушеви сите со шпага.

Фото: Инстаграм

И Боливиецот беше воодушевен од дуелот со Новак Ѓоковиќ

Тенисерот од Боливија Уго Делијен го изгуби натпреварот од Новак со 2:0 на сетови и на тој начин го заврши учеството во Олимписките игри. Меѓутоа, тој сепак беше „победник“ на првот ден од ОИ во Токио.

Имено, Уго Делијен во моментов е на 139 место на светот и беше потполн аутсајдер во натпреварот против Новак. Тоа впрочем се забележа и на теренот, како и неговата константна воодушевеност од Ноле.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Штом беше извлечена жрепката, тој објави заедничка слика на својот Инстаграм профил и му се заблагодари на Господ што имаше прилика да игра против најдобриот на Олимписките игри, а по натпреварот му го побара дресот на Ноле.

Ноле секако му ја исполни желбата и во соблекувалната ги разменија дресовите, а Делијен гордо ја објави заедничката фотографија.

Фото: Инстаграм

А еве што напиша и босанскиот атлетичар Амел Тука по случајната средбата со најдобриот тенисер на светот:

„Одам јас низ Олимпиското село и носам храна за колегите од репрезентација, кога слушам некој ми зборува: Па кај си ти? Сфаќам, кој би можел сега, но се вртам, кога го гледам Новак Ѓоковиќ! Со секој свој гест и реченица ја покажа целата своја скромност и човечност. На сите наши натпреварувачи им посака среќа во настапите, а јас ја искористив приликата уште еднаш да му честитам на освојувањето на Вимблдон и да му кажам дека секако навиваме за него на олимпискиот турнир“, напиша босанскиот атлетичар и додаде:

„Ноле е човечиште, спортиста, хуманитарец. Ноле е наш пријател и добар и искрен човек од срце му посакувам злато во Токио, а ние повторно ќе се видиме во Високо, Сараево или Зеница. Знам сигурно дека ќе дојде, среќно Ноле!“

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button