Еве зошто Неда по разводот од 14 години постариот сопруг никогаш повторно не се омажи. Тој изгледаше како да и е татко, а не сопруг
Една од најпознатите фолк-пејачки во регионот, Неда Украден, во животот само на еден и единствен човек му се има заколнато на вечна љубов во црква.
Во прашање е режисерот Милан Билбија кој беше нејзина најголема љубов во животот и прв и единствен сопруг.
Познатата фолк-пејачка од бракот со него ја доби ќерката Јелена. Тие беа цели десет години во врска пред да застанат под олтарот, но само по три години брачен живот ќе се разделат. Како круна на нивната љубов дојде Јелена, а колку се сакаа сведочат и нивните ретки заеднички фотографии.
Неда имаше само 19 години кога го запозна Билбија кој беше 14 години постар од неа. Како што самата вели тој бил нејзината најголема љубов во животот, а по разводот тие ќе останат во добри односи се до неговата смрт, посебно заради нивното дете. Пејачката му беше верен пријател се до неговиот последен ден и не крие и дека тој ја обожавал својата наследничка.
Тој беше единствениот човек што ја однесе Неда под олтарот, а пејачката во една пригода откри зошто повторно не се омажила.
„Мојата убавина и карактерот се комбинација која ги привлекува сите мои додворувачи, но не остварив втор брак и не родив уште едно дете бидејќи сум многу одговорна. Некои жени имаат по 100 бракови, врски и разводи, но бидејќи имам дете, поинаку гледав на сето тоа. Секој развод е емотивна лузна за детето. Таткото ја обожаваше Јелена и таа него, и се обидував тоа да го негувам.
Сакав нејзиниот татко да го сочувам во нејзиниот живот, бидејќи не е детето виновно што пропаднаа моите очекувања врзани за мажот за кој се омажив“ изјави Неда во една пригода, а пренесе српскиот „Стори“.
„Секоја следна приказна беше вагање, се прашував како детето што е опкружено со љубов од баба му, тетка му, татко му и целото семејство ќе го прифати тоа ново опкружување. Моите врски беа надвор од градот во кој што живеам, а помислата дека треба да се селам многу влијаше на тоа да не се мажам и да не создавам ново семејство. Не се омажив по втор пат заради Јелена, а денес сум многу горд на неа и н тоа што не се угледа на својата мајка и нема само едно дете.“
„На листата на моите приоритети секогаш на прво место е моето семејство, па мојата работа“, раскажа пејачката неодамна во емисија „Милизам“.
Бонус галерија
Неда некогаш и сега
На крајот од галеријата погледнете и како изгледа денес ќерката на Неда …
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм/ Неда Украден
Фото: Инстаграм/ Неда Украден