Многу Македонки се „слаби“ на него
Ова е една од оние ретки пригоди кога ви пишуваме за згодни и убави мажи, а овој фраер и те како го заслужува тоа
Имено, денес во фокусот ни е еден од нашите најпознати мејк-ап артисти, Александар Дадар. Нема воопшто да се изненадиме ако еден ден пред неговиот салон видиме колони од жени кои чекаат да седнат на неговото столче, впрочем не постои жена која не би сакала тој да ја нашминка и разубави. Откако ќе помине низ неговите вешти раце и ќе ја почувствува магијата, секоја дама станува илјада пати поубава, па не е чудо што важи за еден од најдобрите шминкери.
Но кога не е во својот салон, тој често знае да застане пред објективот и да направи некоја интересна фотографија.
Тоа на претставнички на понежниот пол не само што не им пречи, туку и сите се согласни дека изгледа привлечно.
Паметен, вреден и убав – токму онаков како што секоја жена го замислува својот маж од соништата.
Па, големо БРАВО за овие неколку изданија на Дадар, човекот кој со својата магија ги разубавува нашите дами.