Еве зошто на Гавазова и Кардашијан може вода да и носи – фустан РЕЗЕРВИРАН само за оние што немаат ни грам вишок!
Нашата позната пејачка ги покажа своите линии во фустан во боја со која многу малку остави на фантазијата.
Таа се прошета во ова издание и повторно покажа зошто важи за една од најзгодните пејачки на нашата сцена.
Сузана Гавазова и покрај студеното време изненади со својот „nudе“ фустан кој феноменално стои на нејзиното тeло.
Во прашање е тесен фустан, со долги ракави и со макси должина која се протега речиси до стапалата, а кој пејачката го носеше со „nudе“ сандали.
Познатата пејачка за разлика од неколку дена претходно, кога имаше посветли прамени во косата, сега фустанот го носеше со пуштена коса, а во нејзината шминка доминираа розови и беж тонови во склад со облеката.
Иако тесниот фустан го покри целото тeло на пејачката, тој е тесен и очигледно резервиран само за оние што изгледаат беспрекорно.
Ваквиот модел го истакнува секој дел од телото, а Гавазова го носи самоуверено и со „неподнослива“ леснотија.
Инаку, ваквите фустани се хит веќе неколку сезони, а меѓи првите што ги „фураше“ беше Ким Кардашијан. Но додека најпознатото ријалити ѕвезда со годни води битка со килограмите и гордо се фотографира само кога ќе биде во топ форма, нашата пејачка нема проблем со тоа – таа со години е во совршена форма и нејзиното тело остава без здив.
Таа веќе со години изгледа речиси исто и може да се пофали со беспрекорно тело, а линијата успеа да ја здржи и по двете породувања.
Ваквите фустани едноставно стојат неверојатно, посебно кога сакате да изгледате женствено, елегантно и префинето. Голема предност за нив е и што се погодни за било каков настан, во зависност од моделот што ќе го изберете – од проѕирните, пpовокативни кројки, до поелегантните опции.
Како познатата пејачка изгледаше во овој фустан, но и неколку примери како да го носите овој тренд, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Предлог комбинации:
Погледнете како да ги комбинирате овие тренди нијанси и со нив да изгледате софистицирано и шик.