Реклама
Вирално

Еве зошто на Австрија им се виновни Балканците за ширењето на коронавирусот и кои симпптоми ги имаат вакцинираните!

Реклама

И вакцинираните можат да се заразат со вирусот корона но и да го шират вирусот исто како и невакцинираните .

Коронавирусот предизвика застој во целиот свет, но сега баш кога се чинеше дека полека се враќа се о нормала состојбата повторно излегува од контрола.

Маркетинг

По речиси две години конечно се чинеше дека состојбата е стабилна.

Но, со попуштање на заштитните мреки речиси секаде во светот бројот на новозаболени почна да расте.

Таков беше случајот и во Австрија каде имаше голем број на случаи на инфицирани со коронавирус по враќањето на нивнте граѓани од фестивалот во Паг, Хрватска, соопштја здравствените центри на неколку австриски покраини.

Маркетинг

Според овие информации во Горна Австрија е забележано 18, додека во Долна 38, во Салцбург пет, во Штаерска 22, во Корушка шест и во Тирол пет лица кои наводно се заразила за време на фестивалот на хрватскиот остров Паг.

Експертите веруваат дека бројот на заразени лица кои се вратиле од тој фестивал во Австрија е далеку поголем, па затоа посетителите на фестивалот се јавно повикани на тестирање.

Здравствените власти сметаат дека бројот на заразени би можел да биде многу поголем.

На фестивалот во Хрватска од Австрија дошле повеќе од 19.000 луѓе, објавија тамошните медиуми.

Повеќето од нив наводно патувале со сопствени автомобили или автобуси, соопшти канцеларијата за односи со јавноста на сојузната покраина Долна Австрија.

Бројката од 100 заразени за кратко време се зголеми, па така како што наведуваат австриските медиуми, најмалку околу 200 млади Австријци од 19.000 илјади се заразиле на фестивалот „Austria goes Zrće“, а некои дојдоа и до бројка од 350 заразени. Од друга страна пак, како што пишуваат хрватските медиуми, ова е сценарио кои недвосмислен потсетува на минатата година кога хрватскиот туризам требаше да се бори со бројни негативни текстови од Австрија, што резултираше со крај на туристичката сезона во нивната земја. А австриските медиуми, како и германските тогаш пишуваа дека заразени со вирусот корона доаѓаат и од останатите земји на Балканот, па ги советуваа своите граѓани да не патуваат.

Но како што пренесуваат хрватските медиум, на фестивалот можеле да влезат само вакцинирани, тестирани или оние што прележале.

Сега Австријците го критикуваат организаторот на фестивалот дека на настанот можело да се влезе и без мерки, но директорот на туристичката заедница на Личко-сењската област Иван Радошевиќ тврди дека за влез во клубовите на Зрче правилата се ригорозни и дека никој не може да влезе без претходно да има потврда дека е вакциниран или дека е негативен, пишува хрватскиот „Јутари лист“.

„Веќе сега гледам дека сепак ја ублажија реториката и дека пишуваат како и меѓу вакцинираните се проширила заразата. А се потсетува на минатата година и верувам дека тоа го прават за да ги задржат своите гости во Австрија. Станува збор за спинови кои за жал ни штетат. А ние не сакаме никому да му ја загрозиме сезоната“, изјави Марина Ризнар, директорката на тамошната Туристичка заедница која додаде дека станува збор за лажна вест.

Како што вели таа,19 илјади Австријци немало на фестивалот, и дека направиле дури 12.000 тестирања бидејќи никој без потврда не можел да влезе.

Најмногу заразени повратници од Шпанија, Хрватска на 4. место

Според податоците на германскиот Институт Робет Кох кој редовно на неделна база објавува за состојбата на пандемијата во Германија, во кој се анализира и колку Германци се заразиле со корона за време на годишните одмори во странство, Хрватска е на четвртото место.

Од 28 јуни до 25 јули пријавени се 3662 случаи во кои заболените најверојатно биле изложени на вирусот во странство.

Според нивните податоци, најмногу жители на Германија во изминатиот период се разболеле во Шпанија, потоа во Турција, па Холандија, додека Хрватска е на четвртото место (197), а петта е Грција (180 заразени).

Сепак и покрај тоа што ги имаме вакцините на располагање нова студија во Велика Британија покажа дека вирусот еволуираше, а симптомите на болеста се променија. Губењето мирис и вкус првично беше еден од најчестите симптоми на ковид-19 и главен показател за болеста, а сега се само деветтиот најчест симптом.

Покрај тоа, симптомите се разликуваат и кај луѓе кои примиле само една доза од вакцината и кај оние кои ги примиле и двете дози и се заразиле, покажа нова студија од Велика Британија.

Според студијата, најчестите симптоми кај невакцинираните луѓе вклучуваат главоболка, болки во грлото, течење на носот, треска и постојана кашлица.

Симптоми по првата доза

Симптомите што се јавуваат кај луѓе кои примиле само една доза од вакцината се слични на оние што се јавуваат кај оние кои не се вакцинирани.

Тие вклучуваат главоболка, течење на носот, болки во грлото, кивање и кашлање.

Авторите на студијата објаснуваат дека кашлицата што не поминува сега е меѓу петте најчести симптоми, но дека кивањето и течењето на носот се јавуваат во поголема мера, иако претходно се сметаше дека овие симптоми не се поврзани со инфекцијата.

Ова е истражување  се уште трае, така што информациите не се официјално потврдени.

Симптоми по две дози

Симптомите што се јавуваат кај луѓе кои примиле две дози од вакцината вклучуваат главоболка, течење на носот, кивање, болки во грлото и губење на мирис.

Луѓето кои се заразиле по две дози истакнуваат дека нивните симптоми траат значително пократко, што сугерира дека имале полесна форма на болеста, пренесува IFL Science.

Истражувачите велат дека на промената на симптомите може да влијае фактот што вирусот се менува, но и фактот дека сега се заразуваат други демографски групи, пред се помлади луѓе кои обично имаат поблаги симптоми на болеста.

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Бонус галерија

Austria goes ZRCE

Фото: Фејсбук/ Austria goes ZRCE

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Austria goes ZRCE

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Zrce Beach

Фото: Фејсбук/ Austria goes ZRCE

Фото: Фејсбук/ Austria goes ZRCE
Извор: Јутарњи.хр, Србијаданас.рс

Поврзано

Back to top button