Еве зошто музичари од Србија ја тресат македонската Jутјуб сцена
Еве што слушаат нашите на Јутјуб
Неколку дена по ред најпопуларен на Јутјуб во Македонија беше новиот спот на Анастасија Ражнатвиќ, ќерката на турбофолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и убиениот мафијаш Жељко Ражнатовиќ. По ова од првото место ја тргна српскиот музичар Саша Ковачевиќ, а на тронот пред неколку дена беа и босанските репери Јала Брат и Буба Корели со нивната нова бесна „Беби“. Покрај „Некст тајм“ и нивната „Нешто ќе те питам бабо“ и неколку албански изведувачи (како на пример Туна) очигледно е дека на нашите изведувачки им е многу потешко да се искачат на самиот врв.
Но зошто е тоа така?
Па, најверојатно затоа што музичарите во соседството многу повеќе вложуваат во своите спотови. Кога ги гледате нивните видеа изгледаат како и светските познати музички фаци, а и самата музика ги следи светските трендови.
Па така босанските репери Јала Брат у Буба Корели звучат светски, а и останатите не се турбофолкери, како што многумина мислат кога станува збор за музика што ни доаѓа од Србија. Интересно е и тоа што композитор на новата песна на Анастасија е Дарко Димитров, што значи дека и во Македонија има луѓе што можат да направат генијални „ствари“.
Еве ги и останатите спотови што се хит во моментов: